36 години и не е така лошо: Еве како Елена Ристеска го прослави роденденот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Елена Ристеска наполни 36 години. Пејачката вчера славеше роденден а на обожавателите и следбеници на Инстаграм им се заблагодари за честитките и пораките кои и ги упатија.

Ристеска на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека гордо си ги носи годините објавувајќи ги сама и докажувајќи дека навистина умее да ужива во животот позирајќи и споделувајќи фотографија од коктел во ресторан. Сепак, пејачката не откри со кој го прослави роденденот.

„Ви благодарам на сите за роденденските честитки , 36 години и не е така лошо, нели?  Ако знаеш како да уживаш во секоја од нив. А денес посебно уживам читајќи ги вашите убави пораки“ - напиша Елена на Инстаграм.


View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)



Среќен роденден Елена!