„40дена тага, болка, празнина“...Ана Костадиновска тажи по колегите кои загинаа во кобниот пожар во Кочани

40 дена по страотниот пожар во дискотеката во Кочани кој во смрт однесе 62 млади животи.
Многумина се уште не може да си поверуваат дека се случи тоа што се случи, но тагата по најблиските е голем непребол.
„И те нема и секаде те има, неизбежно те има... во себеси те носам!!!“ - напиша Ана Костадиновска , вокалистката на ДНК која го преживеа пожарот , на социјалните мрежи.
Таа порака таа ја насочи за загинатата Сара, со која настапуваат заедно и беа како сестри.
Во друга објава посветена на колегите кои настрада , Ана напиша „40дена тага, болка, празнина...“
Истрагата уште трае...
Адвокатите предупредуваат дека тешко ќе се докаже одговорноста за кочанската трагедија. Осомничени засега се функционери, директори, инспектори и полициски раководители кои биле на функции во последните тринаесет години, а сите се обвинети за тешки кривични дела против општата безбедност. Но, дел од адвокатите предупредуваат дека ќе биде многу тешко да се докаже каузалноста на нивното непостапување на суд и дека истрагата се води повеќе од политички отколку од правни причини.