5 места за супер одмор во Албанија: Кристални плажи и евтини цени

Морското крајбрежје на Албанија, со прекрасните традиционални живеалишта, улиците со калдрма и малите православни цркви, има многу убави плажи со беспрекорна вода, и со повеќе од половина поевтини цени од соседната Грција. Доколку сакате да сте во близина на македонската граница и да не патувате многу, Валона е секогаш добар избор, додека пак доколку сте расположени за неверојатно кристална вода упатете се кон Саранда или Ксамил - Албанија има многу изненадувања. Да се именуваат сите убави плажи би било невозможно, но еве список на пет супер места за летен одмор во соседна Албанија: 

1. Дерми - едно од најпосетуваните места во Албанија. Нуди прекрасни песочни плажи, кристална вода и супер ноќен живот.


2. Валона - место за сите генерации, погодно и за фамилијарен, но и за одмор за млади. Може да изберете која плажа е по ваш вкус, а долгото шеталиште преполно со ресторани и барови е одлично за вечерните часови. Во близина на Валона, се наоѓа и долгата песочна плажа Нарта- супер место за уживање.


3. Орикум - прекрасно крајбрежје со плажи идеални за одмор со деца. Многу ресторани со поволни цени и супер сместување.


4. Саранда - прекрасно место, кој еднаш дошол тука на одмор сигурно ќе посака да се врати. Преубави плажи, зајдисонце што не се заборава, евтини цени и вечерни забави. н


5. Ксамил - едно од најкоментираните места во Албанија поради кристално чистата вода. Место кое мора да се посети.


Д.К.