5 причини зошто моделот на купување „Купи сега плати подоцна“ е одличен избор за секој паметен купувач

Добивај вести на Viber

Со започнување на училишната година доаѓаат многу нови предизвици, но и трошоци. За некои набавка на училишна опрема, обновување на истата, купување на нови обувки, патики и слично. За многумина пак овој месец е идеален за освежување на домот, нов мебел, можеби нов клима уред, реновирање, па сé до задоволување на потребите на најмалите, од електронски гаџети до компјутери и лаптопи. Да не заборавиме дека септември е секогаш идеален период за патување и можеби посетување на некоја нова дестинација.

Како да се избере паметно, а притоа да не се оптовари премногу семејниот буџет?!

-Она што со сигурност го препорачуваме е да си направите листа на неопходни работи и приоритети и да се држите до неа

-Неретко се појавуваат инвестиции кои не сте ги планирале, како вонреден сервис на возилото или откажување на техники апарати чија гаранција одминала, а вашиот месечен буџет не е доволен за да ги покрие соодветно

-Пред да се одлучите за производот или услугата, проверете ги детално спецификациите, дали соодветствуваат со вашите потреби

-Најважно од се, бидете внимателни со купувањето на рати и скриените трошоци и секогаш добро проверувајте што потпишувате

Додека се во полн ек back to school кампањи и попусти, сé повеќе станува актуелен за македонските граѓани моделот Купи сега плати подоцна. Што всушност значи овој модел?

“Купи сега, плати подоцна-Buy now, pay later” е модел што функционира низ светот веќе неколку години по принципот на Klarna, Afterpay и Affirm, како замена за традиционалниот начин на плаќање со кредитни картички, пришто зависно од вредноста на производот или услугата, истиот може да се купи на неколку рати без никакви дополнителни трошоци, или пак со ниска камата вкалкулирана во месечната рата. Моделот е веќе широко распространет помеѓу врвни светски гиганти и индустрии.

Станува збор за многу поефикасна и покомфорна алтернатива на кредитните картички, каде што производот или услугата можат да се купат со едноставно скенирање и распределба на месечните рати и износи онака како што на купувачот му одговара, пришто постои опција за одложување на првата рата.


Во прилог посочуваме 5 причини зошто КСПП е идеален за секој потрошувач:

  1. Можност за флексибилен начин за плаќање на рати, пришто износот и периодот на отплатата го бирате вие, зависно од вашиот месечен буџет и други потреби
  2. Транспарентен приказ на месечните износи кои клиентот треба да ги врати
  3. Производот и услугата ги земате веднаш,а со плаќање започнувате од следниот месец
  4. Можност за купување на избраниот производ услуга со едноставно скенирање на код, со што се скратува целото време и процес
  5. Дигитално одобрување на услугата во моментот на купувањето и дигитално потпишување на договор

“Финтек индустријата односно финансиските друштва се предводници во воведување на напредна дигитална технологија, а од она што го истраживме на пазарот, Иуте е пионер во воведување на овој модел на пазарот. Компанијата која е дел од групацијата Иуте Талин ги користи придобивките на една од дигитално најразвиените земји во Европа и веќе располага со мрежа од повеќе од 500 партнери, 650 продажни места, над 5.000 ново-склучени договори, како и 60 отворени е-шопови само годинава и веќе станува прв избор на партнерите и купувачите.”

Иуте исто така има воведено мобилна апликација како единствено и сеопфатно решение за сите услуги и производи, каде штоклиенти на едно место може да аплицираат за кредит, за паричен лимит, да направат верификација на идентитет, да скенираат QR код во партнерската мрежа, дигитално да го потпишат договорот за кредит и придружната документација, како и да имаат целосен увид во сите свои кредити и нивните детали (месечна рата, датум на доспевање, преостанат долг, преостанат паричен лимит итн.). Целата процедура е едноставна, брза и безбедна, а претходно одобрениот паричен лимит за трошење за клиентите е навистина уникатно обележје со со којшто тие можат да уживаат во безгрижен шопинг, бидејќи во рамките на нивниот лимит за трошење можат да купуваат што сакаат и да плаќаат подоцна во рати. 

  Прочитајте повеќе како функционира овој модел на нашиот пазар.



*Пр објава