5 причини зошто спортот треба да е дел од животот на младите

Добивај вести на Viber

Олимпијадата е причина да зборуваме повеќе за спортот додека трае. Така и со менување на нашите навики, зборуваме за нив, сакаме да ги смениме, но најчесто остануваме само на зборови.

Но и во нашиот случај да не остане недокажано еве 5 причини зошто да спортуваме и зошто да бидеме физички активни посебно во младоста.

1. Здравје

Сé повеќе забележуваме дека нашата младина е недоволно активна, има прекумерна телесна тежина и поминува премногу време пред екраните. Во минатото, децата поминуваа многу повеќе време на спортски терени каде што се занимаваа со различни спортови. Здравјето е дефинитивно најважната причина зошто новите генерации треба да се одлучат за спорт и активен начин на живот.

2. Социјализација

Преку организирано или неорганизирано вежбање или занимавање со некој спорт, децата повеќе ќе се дружат и ќе напредуваат како личности. Со тоа, тие полесно ќе се снаоѓаат во меѓучовечките односи и во иднина.

3. Самодоверба

Младите ќе се чувствуваат подобро и ќе имаат поголема самодоверба ако се занимаваат со физичка активност. Особено, ако по одредено време совладаат одредени пречки или предизвици, кои претходно не можеле, или ако станат посилни, побрзи и поиздржливи.

4. Забава и рекреација

Една од најважните придобивки од спортувањето е што младите се забавуваат и се рекреираат. Преку спортот, тие можат да уживаат во играта, да се смеат и да се ослободат од стресот што им го предизвикува динамичниот начин на живот. Спортувањето создава позитивни емоции и помага во градење здрави навики.

5. Носење паметни одлуки

Преку спортот, младите учат како да носат паметни одлуки, како да се справуваат со предизвици и да решаваат проблеми. Тие развиваат стратегиско размислување, способност да проценат ризици и да направат брзи и вистински одлуки под притисок. Овие вештини се многу важни и ќе им помогнат како во секојдневниот живот, така и во нивната професионална кариера.

Освен спортот и активниот начин за живот, една од најмудрите одлуки на младите претставува и вистинскиот избор на банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на нивниот развој и клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов, иновативен банкарски пакет Halk EZ (Halk Easy), кој што е прилагоден на стилот и животните навики на секој современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство. Нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години: бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPaySmartSend и SmartCash.

И додека спортот ги учи младите да носат паметни и одлуки, такаХалкЕз им помага да направат мудри финансиски избори.

ПР објава