55 часа брак, бакнеж со колешка, бричење на главата: Наполни 40 и сите се прашуваат дали конечно е среќна?

Бритни Спирс го прослави својот 40-ти роденден. Иако многумина од вас се запознаени со нејзината не толку среќна животна приказна, малкумина ги знаат овие детали од животот на пејачката.

„Hit me baby one more time“, хит кој не ни го напуштил умот од почетокот на 2000 година, а кој многумина сè уште го знаат напамет, беше сингл што ја направи Бритни Спирс планетарно позната ѕвезда. А девојките ширум светот полудеа по новото лице на МТВ.

Бритни се стекна со признание во 1990-тите, а светската слава ја стекна по објавувањето на албумите „Baby one more time“ и „Oops!… I did it again“, што ја направи најпопуларна тинејџерска ѕвезда на сите времиња, која беше прогласена за принцеза на поп музиката. 

Во 2011 година, таа стана втората пејачка која има два сингла истовремено на врвот на листата „Билборд Хот 100“. Ја претекна само Мараја Кери. Покрај бројните награди, таа на 21-годишна возраст ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните, поради што стана најмладиот уметник што ја добил оваа чест. 

„Билборд“ ја прогласи за осми најважен уметник во 2000-тите. А во текот на 12 години седум пати била најбараната ѕвезда на Интернет. Во својата досегашна кариера има продадено повеќе од 150 милиони албуми ширум светот.

Бритни почнала со часови по танц на три години, а на пет настапувала во градинка. Освен тоа, сакала гимнастика, а одела и на часови по пеење. Победила на многу натпревари за млади таленти, а на осум години се пријавила на аудиција за The Mickey Mouse Club. Иако била одбиена бидејќи била премлада, била упатена кај Ненси Карсон, која и предложила да се запише во училиште за изведувачки уметности, по што Бритни се преселила во Њујорк со нејзината мајка. Таа ја играше главната улога во мјузиклот „Ruthless!“, а се најде во шоуто „Потрага по ѕвезди“. 

Таа конечно доби улога во Клубот на Мики Маус во 1992 година. Заедно со Бритни, во програмата учествуваа и Кристина Агилера, Џастин Тимберлејк, Рајан Гослинг и Кери Расел. Шоуто беше откажано во 1996 година, по што Бритни се врати во Мисисипи, каде што се запиша на академијата Парклајн.

Набргу по запишувањето, таа се вработила во Live Records, а потоа снимила демо песна. Потоа отиде на мини турнеја за да го промовира албумот. Набргу потоа настапуваше како предгрупа за бендот „NSYNC“. Албумот „… Baby One More Time“ беше издаден во јануари 1999 година. Веднаш се најде на врвот на „Билборд 200“. Само еден месец подоцна, продавајќи повеќе од 10 милиони копии за една година. Така, албумот стана најуспешен албум на тинејџерската пејачка. 

Таа го издаде својот втор албум во мај 2000 година, насловен „ Oops!… I did it again“. И тој беше на врвот на американските топ листи. Има продадено над 20 милиони примероци ширум светот и ги собори сите рекорди. И овој пат Бритни беше номинирана за Греми награда. Истата година, таа тргна на промотивна турнеја, заработувајќи над 40 милиони долари и ја објави својата прва книга, наречена „Бритни Спирс од срце до срце“. Во септември 2000 година, таа настапи на музичките награди на Ем-Ти-Ви, а во исто време потврди дека е во врска со Џастин Тимберлејк. 

Во 2002 година ја шокираше јавноста кога објави дека ја прекинала тригодишната врска со Џастин. 

Во јануари 2004 година, пејачката се омажи за пријателот Џејсон Ален Александар, во Лас Вегас. Бракот беше поништен по 55 часа, по што на суд беше констатирано дека Бритни не била свесна за своите постапки. Два месеци подоцна, таа тргна на промотивна турнеја. Во јули истата година, пејачката се сврши со танчерот Кевинип Федерлајн, кого го запозна само три месеци порано. Медиумите ја следеа нивната врска, бидејќи Кевин очекуваше дете со актерката, која ја остави поради Бритни.

Тие се венчаа на 6 октомври 2004 година, а подоцна животот ѝ го понудија на јавноста во шоуто „Бритни и Кевин: Хаотично“. Таа се омажи за Кевин и роди два сина, а во 2007 година следеше развод.

Скандалозниот живот на Бритни Спирс започнува кога ќе го достигне врвот на својата слава. Шокантниот потег каде пејачката ја бакнува Мадона на доделувањето на MTV наградите во 2003 година ја разбранува јавноста, таа беше во фокусот на медиумското внимание. Некои коментираат дека од тој период нејзиниот живот оди во надолна линија. 

Во тоа време Бритни беше подложена на пороци, се почесто се фотографираше во јавност во алкохолизирана состојба, се зборуваше дека е невнимателна и лоша мајка. Журкањето, дивите забави, дрогата и алкохолот доведоа до губење на старателството над децата во 2007 година, што доведе до тоа пејачката да изгуби целосна контрола над нејзиниот живот.

Потегот кој сите го сметаат за крах во нејзиниот живот е токму скандалот кога ја избричи главата среде јавноста. Имено, како што тврдат странските медиуми, пејачката ненајавено се појавила пред куќата на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн и сакала да ги види синовите Шон и Џејден. Откако Кевин не и дозволи, таа се упатила до најблискиот фризерски салон и побарала од фризерката да и ја избричи главата пред повеќе од 70 собрани папараци. 

Фризерката се обидела да ја одврати од идејата, но штом и го свртела грбот, Бритни ја зела машинката и сама си ја избричила главата.

„Таа имаше двајца телохранители кои мораа да се погрижат папараците да не ја фотографираат, но еден од нив постојано ги креваше ролетните“, рече фризерката во документарниот филм од 2019 година „Britney Spears - Breaking Point“. Најтажно во целата приказна и бил изразот на лицето кога сфатила што направила, пренесува Mirror.

Како што веќе пишувавме, Бритни 13 години беше под старателство на нејзиниот татко Џејмс Спирс, но оваа година судот донесе одлука да го прекине старателството. Во овој период се создаде хаштагот #FeeBritney, кој стана име за движење за човекови права кое ја осудува најтемната страна на музичката индустрија и очигледниот гламур зад овој поп феномен.

Бритни Спирс денеска конечно е среќна, а неодамна ја запроси нејзиното долгогодишно момче, модел и фитнес инструктор Сем Асгари (27), со кој е од 2017 година.


Фото: Профимедиа

Откако е ослободена од канџите на сопствениот татко, Бритни Спирс планира да го направи она што не можеше во претходните 13 години 

„Дали ми ја подаде раката кога се давев?“: Бритни со брутална порака кон својата сестра