6 причини зошто најсилните жени имаат најлош љубовен живот

И додека некои жени уживаат во здрави врски, на други им е тешко да ја пронајдат вистинската личност. Таквите жени обично завршуваат во љубов со погрешен маж, што резултира нивните односи да не траат многу долго.

Обично, силните, независни жени се оние кои имаат тенденција да не успеат во нивните љубовни животи.

Кои можат да бидат причините за ова? 

1. Тие се независни и на прво место ги ставаат сопствените потреби

Во принцип, момците сакаат да контролираат, но овој вид жени не дозволуваат некој да им каже што можат и што не можат да сторат. Тие точно знаат што сакаат и како можат да стигнат таму. Овие жени не се за да им служат на другите, тие се за исполнување на сопствените соништа и очекуваат некој силен и самоуверен покрај нив, како што се и самите. Ним им треба некој што ќе ги поддржува наместо да се обидува да ги саботира.

2. Тие се многу пребирливи

Тие ја разбираат сопствената вредност и ќе одберат човек што додава вредност на нивниот живот. Тие нема да паднат под притисоците на општеството за тоа каков маж им треба. Тие не се очајни - тие се трпеливи. И кога конечно ќе се сретнат со човек достоен за нивната енергија и време, чекањето ќе вреди.

3. Тие не се плашат да се борат сами за себе

Овие жени не се плашат да зборуваат и да застанат сами за себе. Кога нивниот партнер направи нешто “лошо“, нема да се извлечи лесно.

4. Тие сакаат најдлабокo

Не е лесно да се запознае вистинскиот или да го натерате да се заљуби во вас. Но, откако ќе сторат тоа, тие ќе ве третираат и ќе ве почитуваат многу. Тие ќе бидат најдобриот партнер што можете да го замислите затоа што ќе ве сакаат најдлабоко. Кога тие ќе станат ваши, нема да има никој друг за нив, така што ќе можете да им верувате целосно на нив.

5. Тие се позрели од повеќето

Тие се помудри и далеку позрели од повеќето. Тие имаат фокус во нивниот живот и тие целосно знаат што сакаат. Таквите жени се паметни и сакаат да ги имаат работите под нивна контрола.

6. Тие се жени до кои момците тешко доаѓаат

Тие се веројатно девојки од вашите соништа, но не е лесно да се дојде до нив, бидејќи тие се фокусираат на нивните соништа и работат напорно во поголемиот дел од времето. Тие не “висат“ по ноќните клубови или баровите, затоа што претпочитаат интелектуално стимулирачки разговор преку чаша вино во секое време.

Затоа продолжете да бидете тоа што сте. Еден ден, ќе дојде љубовта што ја заслужувате, и тогаш, ќе можете да си дозволите да го сакате тој човек со целото свое срце, сфаќајќи дека овој пат, навистина е поинаку.

извор: iheartintelligence