6 работи што секоја жена мора да ги има за дождливи денови: Модерен изглед и зачувано здравје

Временската прогноза не е оптимист за денес и утре - најавени се дожд и грмежи. Ако треба да излезете надвор, многу е важно да знаете дека вашиот чадор нема да биде доволен за да се заштитите.

1. Мантил за дожд
Можеби не е најубавата облека, но е исклучително корисна: Не само што ќе имате сува коса, туку ќе ви биде сува и облеката и чантата.
И додека тие можат да се најдат „кај Кинезите“ за неколку стотици денари, ако сакате да изгледате модерно, веројатно ќе треба да потрошите илјадници денари за оваа заштитна облека.

2. Гумени чизми
Ништо не може да ги спаси нозете од дожд како гумени чизми. И покрај тоа што не сте рибар и не работите во кал, треба да имате еден пар вакви чевли. Ќе бидат корисни не само за дождливи денови, туку и за снег (ако има простор за подебели чорапи) исто така, тие се лесни и за одржување.

3. Виндјакна
Не е толку ефикасна како мантилот за дожд, но може да се користи кога не е многу силен дождот. Ако пешачите често, веројатно во плакарот имате „шушкавец“. Тој може да ви служи и на лето.

4. Чадор
Ова е дефинитивно неизбежен предлог. Може да се расплетува, така што секогаш можете да го чувате во вашата торба. Верувале или не, претпоставката е дека првиот изум сличен на денешниот чадор е направен во 11 век п.н.е.

5. Водоотпорна торба – навлака за чанта
Нема причина да кисне вашата чанта. Ако веќе не можете да ја сокриете под мантилот за дожд, купете или направете водоотпорна навлака за чанта. Иако можеби не изгледа како привлечен моден додаток, најлесно е да имате гумена торба.

6. Леќи
Секој што носи очила знае колку е неповолно кога ветерот дува и дождот паѓа право на вашите очила. Едвај можете да видите нешто. Затоа е најдобро да имате леќи за вакви прилики. Се разбира, освен ако не имате офталмолошки причини зошто не треба.

Извор: lepaisrecna.rs

(ФОТО) Ветерот и влажноста не им можат ништо: Идеални фризури за дождливо време