7 модни навики кои сите жени ги практикуваат, а не се свесни дека поради нив изгледаат постари: Заборавете на следниве работи

Добивај вести на Viber

Модни навики кои ги прават жените да изгледаат постаро

Иако жените секојдневно се трудат да имаат убава модна комбинација за различни пригоди, несвесно прават некои грешки кои им додаваат години. Обично мислат дека тоа е идеално решение, но всушност ваквите стилови прават да изгледаат постаро.

Еве на што особено треба да внимавате!

1. Хеланки

Се согласуваме дека тие се едни од најудобните парчиња облека кои можат да се комбинираат на различни начини, но многу е важно кој крој и големина ќе го изберете. Оние со плитка половина може да направат да изгледате подебели, додека проѕирните ги покажуваат сите несовршености.

2. Црна гардероба

 Иако многу дами мислат дека тоа е ас во ракавот секој пат кога не знаат што да облечат - тие прават голема грешка. Имено, тотално црн аутфит ќе направи да изгледате многу сериозно, а покрај тоа, ја истакнува секоја брчка.

3. Модели со поширок крој

 Не е тајна дека јакните или облеката со оверсајз димензии се во тренд. Но, исто така е точно дека тие можат да направат да изгледате постаро ако не знаете како да ги комбинирате. Облеката како „вреќа“ навистина не ѝ ласка на вашата силуета. Наместо тоа, ја зголемува.

4. Парчиња облека со големи цветови

 Според модните експерти, големите, гломазни и смели цветни принтови прават да изгледате многу постаро.

5. Облека која премногу се совпаѓа

 Усогласувањето на чантата со штикли, јакна, па дури и шминка може да направи да изгледате досадно и монотоно, па дури и истрошено.

6. Чевли со мала и дебела потпетица

 Нормално е дека во одреден момент ќе изберете удобност наместо атрактивни обувки. Но, ако сакате да изгледате елегантно, отмено и привлечно, избегнувајте го овој моделна обувки.

7. Неприродно темен тен

 Многу девојки одат во солариум со цел да се исончаат во текот на зимата, а воопшто не се свесни колку тоа ѝ штети на нивната кожа. Овие процедури го забрзуваат стареењето, а добиената темна боја брзо исчезнува. И модната икона Викторија Бекам призна дека повеќе не сака темна кожа, бидејќи изгледа постаро.


Фото: unsplash

Извор: стилкурир

2 совршени костими за успешната деловна жена: Ако сакате да оставите впечаток, ова е начинот на облекување