8.000 евра за две чанти: Емина Јаховиќ покажа две комбинации со ултра скапи модни додатоци (ФОТО)
Пејачката Емина Јаховиќ е позната и како дама која се грижи за својот стил и внимава на модните комбинации.
Таа често се појавува во елегантни, но и лежерни, улични стилски комбинации и за која и да е пригода, не пропушта да го зачини својот моден избор со скапи додатоци.
Емина деновиве беше во Дубаи, каде го прослави роденденот на својата сестра Душица. Сепак, таа не пропушти со неколку фотки да покаже како изгледа нејзиниот престој таму. Меѓу другото, таа откри кои се нејзините модни комбинации за релаксирани денови во Дубаи.
За роденденот на Душица избра црно-бел комбинезон со кој носеше појас со животински принт
додека следниот ден беше видена во урбан стајлинг во кој доминираше бел блејзер, со безвременска бела кошула, фармерки и златен часовник.
А посебно внимание привлекоа нејзините чанти!
Ова се модели на чанти на познати брендови. Првата „Шанел“ вреди 3.700 евра, а втората „Луи Витон“ 4.200 евра!
извор:GLOSSY