Уште денеска се пости: Брз и вкусен предвелигденски ручек

Уште денеска траат велигденските пости. Затоа, за денешното мени ви предлагаме брз и вкусен посен ручек, кој освен за време на постот може да се служи и како прилог или салата за разни прослави.

Состојки и подготовка:

- 1500 г компири

- 300 гр спанаќ

- 3 чешниња лук

- 2 лажички сок од лимон

- 3 супени лажици растителна маст (маргарин или 100 мл масло)

- 1 лажичка сол

Компирите сварете ги со лушпата, оставете нека се изладат, излупете ги и исечете ги на коцки. Подгответе го спанаќот, измијте го и исечете го. Загрејте масло или маст, а потоа додадете го исечканиот лук, пржете неколку секунди, посолете и додадете го спанаќот. Промешајте, покријте и оставете да се вари околу 2 минути на ниска температура. Додадете го сокот од лимон и компирите, промешајте повторно, покријте и оставете 10 минути за да се издинста.


Извор: stvarukusa.rs