ЅВЕЗДАТА СЕ ВРАЌА: Со модно шоу најавен стартот на “Бекстејџ“

Добивај вести на Viber

„Ѕвездата се враќа“, вечерва конечно беше откриена мистериозната кампања на повеќе домашни јавни личности кои на социјалните мрежи се фотографираа со sвезда и со овој слоган.

Миа Костова и Миро Кацаров ќе бидат водители на новата сезона на „Бекстејџ“ 

Од понеделник, на Тв „Канал 5“ , по една ипол година пауза, се враќа естрадниот магазин  „Бекстејџ“, од 22 часот, објави екипата на магазинот на гала забавата во ресторанот „Парк“. Водители ќе бидат познатото заштитно лице на емисијата, Миа Костова и Миро Кацаров, кој беше дел од првата екипа. 

Јана Бурческа ги забавуваше гостите 

Првата емисија, ќе му биде посветена на првиот водител, рокерот и актер Влатко Илиевски, кој почина пред повеќе од два месеци. Тој и Марјана Станојковска, беа првите водители на “Бекстејџ“, кој започна да се емитува во октомври во 2008 година. 

Александар Блажевски, првиот одговорен уредник на „Бекстејџ“ 

Токму Марјана, облечена во три интересни креации, беше домаќинка  на синојќешното шоу, модна ревија на новите модели на долна облека на „Сара фешн“. Брендот оваа година го слави десеттиот роденден. 

Марјана Станојковска, првата водителка на „Бекстејџ“ од 2008 година 

По дефилето на атрактивните манекенки на ревијата, се откри дека и “Бекстејџ“ е причината за забавата. Гостите, за време на модното шоу, ги забавуваа Јана Бурческа и Виктор Апостоловски.

Поп-пејачот Виктор Апостоловски, со моделот  Симона Станковска, која исто така беше водителка на „Бекстејџ“.  

М.Џаровска