Адел фуриозна: Ем ослабена, ем се враќа во друга улога

Таа едноставно е друга личност... барем така велат фановите. Преполовена, не е онаа истата Адел... Но сега е поубава, како да е манекенка.

Светската пејачка нема проблем да раскаже како ослабела и дека тоа биле ригорозни диети, но сепак и е непријатно што само се зборува за нејзината линија, а албумот сѐ уште не ѝ е готов. 

Таа инаку по 12 години се врати во популарното американско шоу Saturday Night Live (СНЛ), овој пат како водителка.

„Знам дека изгледам многу, многу поразлично од последниот пат кога ме видовте. Тоа е поради сите ковид рестрикции, можев да донесам само пола од мене“, вели пејачката и додава дека поминале речиси 12 години од денот кога првпат се појавила во шоуто, што го означи нејзниот пробив во САД. 

Тоа беше најдобро оценетата епизода на СНЛ во 14 години и преку ноќ ја лансираше Адел во голема ѕвезда.