Пејачката Аделина Тахири на својот инстаграм профил сподели слики од синот Јон, кој се роди на крајот на август.
Аделина, со синот и со својата мајка, која ѝ помага околу грижата за бебето викендов го поминува во Охрид. Јон е прво дете на пејачката и на нејзиниот сопруг, познатиот адвокат Серјожа Марков.
„Љубовта меѓу нас се роди без да знам дека сум вљубена. Јоже ми беше многу добар пријател. Година и пол ме молеше да одиме на кафе“, изјави недомна Аделина за својот сопруг. Пред да се породи, таа организираше голема забава на која присуствуваа многу домашни познати личности.