„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Добивај вести на Viber

Во организација на Европската асоцијација на педијатриски хирурзи (EUPSA) деновиве во Скопје се одржува меѓународен курс на тема „Новитети во неонатална и детска хирургија". На овој значаен настан на кој земаат учество еминентни детски хирурзи од цела Европа ќе се презентираат најновите достигнувања во дијагнозата и третманот на вродени аномалии кај новороденчиња и деца.

Нашата земја е домаќин на годинешниот меѓународен настан благодарение на поканата на доц. д-р Ристо Симеонов, детски хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој воедно е и претседател на Македонското здружение на детски хирурзи.

„Ни претставува особена чест што деновиве ќе имаме можност да ги споделиме најновите сознанија во нашата работа, но и да видиме до каде е развојот на детската и неонаталната хирургија во европски рамки. Задоволство ми е што поканата за предавачи ја прифатија едни од најдобрите детски хирурзи и што ќе имаме можност да бидеме во тек со новите трендови и достигнувања во оваа област“, изјави доц. д-р Ристо Симеонов.

Роботска хирургија во педијатрија, најнови лапароскопски методи во дијагноза и третман, ургентни состојби, вродени аномалии кај новороденчињата ќе бидат дел од предавањата на еминентните детски хирурзи на 15. Меѓународен курс.

Како болница што се стреми постојано да биде во тек со најновите трендови во лекувањето, „Аџибадем Систина“ е поддржувач на овој значаен настан чија главна цел е да придонесе во едукација на медицинските лица од областа на педијатриската хирургија.

ПР објава