Здравје // Рецепти
Ајвар од печени пиперки без конзерванси: Ова е најдобриот рецепт од нашите простори
Највкусната домашна зимница
Состојки: 15 кг пиперки, 5 кг модар патлиџан, 800 мл масло, 4 лажици сол, 2 лажици шеќер, 2 лажици есенција.
Подготовка:
Измијте ги пиперките и модар патлиџан, и испечете. Потоа исчистете ги и смелете. Истурете 800 мл масло во шерпа, загрејте и додадете ги пиперките и модар патлиџан. Додадете сол, шеќер и есенција. Гответе, мешајќи постојано.
Истурете го топлиот ајвар во жешки стерилизирани тегли, добро затворете и вратете во рерна 90 минути на 90 степени. Оставете да отстојат ноќта во рерната.
Foto: Letina kuhinja