Ако го носите погрешно ќе изгледате пониско и пополно: Како да го пронајдете совршениот цветен фустан за вашиот тен, градба, возраст?
Летните фустани веќе ги преплавија нашите улици, а меѓу омилените се оние со цветен дезен
Шарениот, разигран и весел цветен дезен е врвниот пролетен и летен тренд, а го сакаме и во зимските месеци кога најмногу избираме принт од ситни цветови и пригушени нијанси.
Цветните мотиви даваат нежен женски „допир“ на облеката, со примеси на романтика во воздухот, застапени се во сите парчиња. Сепак, ништо не е поубаво од цветен фустан, нели?
Доколку сакате оваа сезона да ја збогатите вашата гардероба со нов модел на летен фустан со цветен дезен, задолжително обрнете внимание на следните совети.
Основна боја
Позадината е многу важна при изборот на цветен принт, дури и колку и самите цвеќиња! На крајот на краиштата, таа е основната боја, онаа што привлекува внимание, а секогаш сигурни варијанти се црната, белата, сивата, слоновата и бежот бидејќи можете да ги комбинирате со сѐ.
Белата основна боја со светли цветови е одличен начин да привлечете внимание и да изгледате свежо и младешко, а темната е идеална ако сакате да изгледате послабо.
Големина на цветовите
Дали знаевте дека големината на цвеќето во цветен принт може да влијае и на вашата фигура? Ако изберете големи цветови, самите ќе изгледате пополни, а средните цвеќиња се одличен избор за послаби девојки.
Исто така, ретко распоредените цветови оставаат впечаток на зрелост, а помалите оддаваат младешка енергија.
Фото: ANDREWS ARCHIE/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIAОбликот на телото
Поситните жени изгледаат подобро во фустани до средината на бутот, а фустанот со здолниште во облик на ѕвонче е одличен избор за повисоки девојки со облик на круша.
Цветна боја
Нежните и пастелни бои се препорачуваат за жени со потемни тонови на кожа, а светлите нијанси на црвена, зелена, жолта или портокалова се препорачуваат за бледи девојки.
Извор: glossy.rs