Ако имате 30 години: Ова е сумата што досега требаше да ја заштедите

Крајот на годината се ближи, да се водевте според овој принцип, ќе имавте заштеда од годишна плата.

Заштедата не е секогаш лесна. Но, ако сакате да бидете финансиски сигурни во староста, треба да издвојувате одредена сума секој месец, младоста. Повеќето од нас остануваат без пари, особено на крајот на месецот. Покрај киријата, трошоците, автомобилот и мобилниот телефон, во слободното време ретко останува за да направите нешто дополнително.

Според финансиските експерти, сепак, заштедата треба да започне порано.

Ова не мора да значи да се лишувате од одмор, и други ваши слатки задоволства но можеби ќе можете да си одредите индивидуална месечна сума што треба да ја издвоите.

Инвестициските експерти препорачуваат сума од десет до 15 проценти од вашата заработка. Се разбира, тоа не е секогаш можно. Постојат фази во животот кога излегуваат непланирани трошоци, а ковид кризата наметна страв од губење на работа.

Американскиот фонд Фиделити (Fidelity) излезе со интересна теорија и пресмета, на пример, колку пари треба да заштедите во која фаза од вашиот живот за да водите финансиски безгрижен живот во староста.

За пример е земен 25-годишник кој заштедува 15% од својот приход на годишно ниво и во просек вложува повеќе од 50% од својата заштеда. Возраста за пензионирање е поставена на 67 години.

Според пресметките на Фиделити, треба да заштедите една годишна плата до 30-годишна возраст. На секои пет години, капиталот се зголемува за соодветната основна годишна плата. На 35 години, треба да имате двојно повеќе, а на 40 години, трипати поголема од вашата годишна плата.

Пример за пресметка: Некој кој заработува 1.500 евра нето плата месечно, годишната плата му е 21.000 евра (ако ги земете предвид надоместоците за годишни одмори, бонусите во некои земји). Значи, 21.000 евра треба да заштедите до 30 години, до 35 би било 42 000 евра, а до 40 години, заштеда од 63.000 евра.

Секако, просечната плата во Македонија е помала, но се пресметува по истиот принцип. Покрај тоа, треба да се напомене дека овој петгодишен буџет е само пример и не вклучува многу ненадејни трошоци и варирања на плата, бидејќи е јасно дека оние со надпросечни плати ќе можат полесно да го исполнат овој план.

Наспроти примерот со 1.500 евра месечна плата, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2020 година, просечната плата во Република Македонија изнесува 38.319 денари.

Од друга страна, вашите заштеди можат да растат експоненцијално ако инвестирате. Акциите и инвестициите на берзата може да изгледаат ризични на прв поглед, но сепак можат да бидат интересна и одлична инвестиција.

извор:biznis.telegraf.rs