„Ако на некој му е потребен превоз наутро до работа, нека ми пише“: Водителот Ване Маркоски се солидализира со скопјани
Водителот Ване Маркоски неколкупати својата големост, својата хуманост и човечност ја покажал на дело. Многупати кога требало да се помогне некаде помагал, организирал и бил дел од голем број на хуманитарни организации.
И овој пат тој не остана рамнодушен на ситуацијата во која се најдоа голем број на Скопјани, поради немањето на редовни автобуски линии, поради проблемите кои настанаа со немањето на нафта за автобусите, на својот Фејсбук профил водителот ги повика граѓаните, оние кои им е потребен превоз и низ кои поминува кога и тој самиот се движи со автомобилот кон неговото работно место да им учини и да ги одведе до нивната дестинација или барем блиску до истата.
„Ако на некој му е потребен превоз наутро до работа во 05:50 часот, со оглед на состојбава со ЈСП, на релација од Сопиште ( црква Света Мина ), преку Теферич, Кисела вода (Шампионче), Црвен Крст, МРТ (крајна дестинација), слободно нека ми пише во порака да се организираме“, напиша водителот.
Инаку, на социјалните мрежи и други граѓани понудија помош, односно места во своите автомобили за сите оние кои поради немањето на автобуси нема да можат навреме да стигнат на работа, училиште, болница или пак некоја институција.
Како знаат и умеат утрово Скопјани се солидаризираат за да стигнат некако до своите работни места.
Фото: Фејсбук
Р.Ж.М.