Ако навистина сакаш да знаеш какво е твоето дете: Постави му едно од овие прашања

Со цел подобро да го запознаете карактерот на вашето дете, поставете му барем едно од овие прашања:

1. Прашања наместо „Како си?“

Кој ти беше најинтересниот настан денес?

Што научи ново?

Зошто се смееше денес?

Кој направи нешто смешно, лудо, глупаво?

Што те изненади денес?

Дали некому му помогна?

Дали некој направи нешто добро за тебе?

Дали си горд на себе денес?

Беше тажен?

Што ти беше тешко и збунувачко денес?

Што играше денес?

Со кого седеше за време на ручекот?

Со кој сакаш да бидеш најдобар пријател?

Кој пријател ти е спротивен од тебе?

Кој наставник / наставничка ти се допаѓа најмногу?

Ако беше наставник, што би ги научил своите пријатели?

Што те нервира?

Кој се однесуваше лошо кон тебе денес?

Дали нешто те збуни?

Со кого не се согласуваше најдобро денес?

Што направи добро оваа недела?

2. Прашања за развој на имагинација

Ако храната паѓаше од небото, што би сакал?

Ако нашата мачка би можела да зборува, што би рекла таа?

Ако би можел да прашаш кое било животно нешто, што би го прашал?

Ако имаш своја пештера, што би ставил внатре?

Која е најмоќната личност на светот?

Што ќе направиш кога ќе станеш најмоќната личност на светот?

Што може да се искористи за изградба на неуништлив ѕид?

Кое животно добро би возело автомобил?

Кои пронајдоци му недостасуваат на овој свет?

Што би се случило кога би постоела временска машина?

Како би функционирал светот ако луѓето не измислеле пари?

Ако имаш волшебно стапче, за кои три желби би го искористил?

3. Прашања за себе

Кои 5 зборови најдобро те опишуваат?

Што сакаш и што не сакаш кај себе?

Ако би можел да промениш, што би менувал кај себе?

Каков суперхерој би сакал да станеш?

Какви звуци ти се допаѓаат?

Што не разбираат возрасните?

Во што уживаш најмногу?

Кои празници ти се допаѓаат?

Дали се грижиш за другите луѓе?

Што предизвикува страв кај тебе?

Што те тера да се смееш?

Што те лути?

Што би сакал повеќе: да леташ како птица или да пливаш како риба?

Ако имаш милион динари, за што би ги потрошил?

Ако отвориш продавница, што би продавал таму?

За што би напишал книга?

Дали сакаш да подаруваш работи?

Што можеш да направиш што другите не можат?

Кој беше најсреќниот момент во твојот живот?

Што ќе направиш ако некој те повреди?

Ако пораснеш и станеш славен, поради што би било тоа?

4. Прашања за животот

Што го прави човекот паметен?

Што мислиш, како се чувствуваат другите луѓе?

Каков ќе биде животот во иднина?

Што во светот би променил кога би можел?

Дали е лесно да се биде дете? А возрасен?

Како знаеш кога си созреал?

Дали детето е должно да ги почитува сите возрасни?

Дали секогаш мора да ги слушаш родителите?

Како можат и за што да се казнуваат децата?

Дали некое лице има право да украде храна ако умира од глад?

Дали секогаш можеш да правиш што сакаш?

Зошто луѓето лажат?

Дали секогаш можеш да кажеш што мислиш?

Зошто луѓето се разведуваат?

Зошто луѓето се расправаат?

Зошто возрасните малку се смеат?

Зошто луѓето пушат ако е штетно?

Што е лошо, што добро расположение?

Што е душата и каде е таа?

Од каде знаеш дека некој те сака?

Што е тоа среќа?

Дали можеш да бидеш среќен без пари?

Зошто богатите луѓе не делат пари со сиромашните?

Дали сите луѓе се еднакви?

Може ли светот да се смета за прекрасен ако во него има војни и глад?

Дали е можно да нема војни?

Дали има придобивки од проблемите и тешкотиите?

Треба ли да одговориш грубо на некој што е груб кон тебе?

Дали е правилно да се завидува?

Кој одредува што е убаво, а што не?

Дали треба да го прифатиш твојот изглед?

Можеме ли да ја смениме нашата судбина или таа е веќе предодредена?

За што живееме?

извор:stil.kurir.rs