Ако сакате косата да ви биде убава, избегнувајте шампони со оваа состојка
За убава и негувана коса треба доста труд, а покрај редовно скратување на врвовите, клучно е да посветите внимание на производите кои ги користите.
Меѓу многубројните препарати за негувана коса кои се наоѓаат на пазарот, постојат и такви кои апсолутно немаат никакви позитивни ефекти.
Се работи за производи кои во својот состав имаат сулфати, кои ја сушат косата, ја иритираат, а освен алергии може да придонесат и за содздавање на егзема. Сулфатите се наоѓаат во регенераторите, геловите, пена, но и во шампони.
Кога се работи за шампоните, тие лошо делуваат на косата, бидејќи освен нечистотиите ги отстрануваат природните масла и влага, а ги намалуваат и заштитните својства.
Затоа совет на многумина фризери е добро да го проверувате составот, и да се одлучите за природен шампон кој на најдобар начин ќе ја негува вашата коса.