Алекс Родригез е повторно виден со поранешната сопруга: Дали Џенифер Лопез е веќе минатото за него?! (ФОТО)

Целиот свет зборува за ова

Иако раскинаа пред нешто помалку од еден месец, странските медиуми пишуваат дека Алекс Родригез веќе ја преболел Џенифер Лопез.

Упатените сега тврдат дека по љубовниот бродолом со Џеј Ло, утехата веќе ја пронашол во единствената жена која вистински ја сакал и која му родила две деца - Синтија Скуртис.

Двојката беше во брак од 2002 до 2008 година, а се разведоа поради оладени односи, како што тогаш тврдеа.

Сепак, изгледа дека по разводот останале блиски, а изворите тврдат дека хемијата меѓу нив е неспорна. 

Тие беа видени како заедно излегуваат од ресторан во Лос Анџелес, и токму тоа ги покрена гласините дека се на работ да ја обноват својата романса, пишува списанието ОК.
Иако Синтија е мажена, тврдат дека таа е подготвена да го напушти сегашниот сопруг поради нејзиниот бивш. Од друга страна, Алекс наводно сфатил дека не може да сака друга жена како поранешната сопруга и дека најголемата грешка во неговиот живот е што дозволил целата приказна да заврши лесно.

Во меѓувреме се пишува дека Џеј Ло нашла утеха во поранешното момче.

извор:stil.kurir.rs