Александра Амбросио на концерт на Сека Алексиќ: Ангелот на Викторија воодушевен од пејачката, фотографијата го запали Интернетот

Сека Алексиќ со својот настап ја воодушеви Александра Амбросио!

Фолк ѕвездата Сека Алексиќ блесна и го „запали“ црногорското приморје, а на својот настап во позната дискотека во Будва се појави Алесандра Амбросио, една од најпопуларните манекенки во светот и славниот „Ангел на Викторија“. Колку Сека ја воодушеви Алесандра, поткрепува и тоа што манекенката постојано поставуваше видеа од настапот. 

- 100 проценти нон-стоп забава - напиша Алесандра и ја означи Сека додека го пееше нејзиниот познат хит „Црно и златно“.


Фото: Инстаграм

Алесандра Амбросио одмара во Будва: Се смести во луксузен хотел, а еве кој ѝ прави друштво (ФОТО)