Александра од Брза Кујна: Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот

Шармантна и секогаш насмеана, Александра Илиевска од кулинарското шоу „Брза кујна“ објави фотографија на својот Инстаграм профил на кој се гледа трудничкото стомаче.

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша водителката под нејзината фотографија.

Александра е во брак со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да се земат.