Животна училница // Приказни
Алесандра Амбросио одмара во Будва: Се смести во луксузен хотел, а еве кој ѝ прави друштво (ФОТО)
- 10 Август, 2022

Од прозорецот на одморалиштето се гледа Стариот град, островот Свети Никола...
Бразилката Алесандра Амбросио ги спакува куферите и со децата и момчето замина во Црна Гора на одмор.
Тие специјално ја избраа Будва за релаксација, а се сместија во еден од најпознатите и најлуксузни тамошни хотели.
– Пристигнувам, точно на време – истакна моделката на својот Инстаграм профил, воодушевена од глетката од одморалиштето каде што престојува.
„Ангелот на Викторија Сикрет“ се одлучи за ресорт со пет ѕвезди, кој овозможува максимално уживање за најмладите, што веројатно беше на врвот на листата на приоритети на оваа позната мама.
Извор: 24sedam.rs