Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани Работодавачи на Годината!

Пред 300 гости беа доделени признанија на најпосакуваните
Вчера, во Хотелот Лимак, а во организација на Вработување.ком се одржа настанот „Работодавач на годината“, каде јавноста ги одбра најпосакуваните компании за вработување во 2024 година.
Пред над 300 присутни гости – HR професионалци, менаџери и лидери на најголемите компании – беа прогласени најпосакуваните компании за вработување.
Престижната титула за Најпосакуван работодавач, трета година по ред, ѝ припадна на Алкалоид – компанија која се покажа како неприкосновен лидер кога станува збор за тоа каде Македонците сакаат да работат.
Според извештајот Алкалоид е посакувана компанија заради можноста за професионалнен напредок, добриот третман на претпоставените кон вработените но и добрата репутација на компанијата.
Скопска Пивара го освои второто место а извештајот вели дека оваа компанија е посакуван работодавач и заради Добри меѓучовечки односи (добра атмосфера) на работното место, Можност за хиерархиско напредување но и Квалитетни производи и услуги на компанијата.
На Третата позиција, годинава се искачи Макпетрол, а јавноста издвоила дека оваа компанија ја бираат и заради Сигурноста на работното место но и рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот.
Во останатите категории Најпосакувани Работодавачи се:
• Производство на Храна: Витаминка
• Банки: Комерцијална Банка
• Маркети: Кам Маркет
• Финансиски друштва: Флекс Кредит
• Телекомуникации: Телеком Македонија
• Јавни услуги: ЕВН
• Кол Центри: Таскфорс
• Игри на среќа: Моцарт (Делта Бет)
• Приватни болници: Аџибадем Систина
• Фабрики: Кромберг и Шуберт
• Компанија со најголем ребрендинг раст е: Минт Финтек Групацијата
• А Емплоер брендинг кампањата за 2024 ја има: МОТОЦЕНТАР
Добитниците беа прогласени врз основа на јавната анкета која се спроведуваше цела година.
ПР објава