Ало, 193! Згодни австралиски пожарникари се соблекоа за најпопуларниот календар во светот

Најпопуларниот календар во светот се враќа во 2021 година, 28-ма година по ред . И по тешката година што сите ја имавме, згодните австралиски пожарникари ќе бидат вистински мелем за очи!

Крајот на 2019 година и почетокот на 2020 година беа целосно поразителни за Австралија, за која светот тагуваше поради катастрофалните пожари и смртта на повеќе од милијарда животни од разни домородни видови. Иако пожарот веќе го нема, уништените грмушки го оневозможија враќањето во своите природни живеалишта на многу раселени диви животни.

Затоа календарите со австралиските пожарникари се единствени оваа година и содржат две нови изданија.

Новиот календар „Херој“ им оддава почит за напорната работа на австралиските пожарникари за време на кризата со најголемите пожари во историјата на оваа земја.

Додека друга новина е календарот „Љубители на животни“, кој се фокусира на разновиден спектар на австралиски диви животни.

И оваа година традиционално има издание со кучиња и мачки, но во малку поинаква форма. Имено, од австралиската јавност беше побарано да донесат свои миленици, кои ги спасиле од улицата, со цел да помогнат во креирањето на календарот.

Собраните средства од календарот ќе им помогнат на помалку среќните животни да најдат нов дом. Во исто време, оваа година, популарните календари ќе бидат поважни од кога било затоа што парите ќе бидат пренасочени за лекување на диви животни повредени во пожари.

Средствата од минатогодишниот календар помогнаа во набавка на нова опрема и материјали за речиси 6 месеци, што исто така помогна во деноноќното спасување на коали, кенгури и видови птици.

Календарите може да се нарачаат преку официјалната веб-страница на организацијата, а испорака е достапна за цел свет: www.australianfirefighterscalendar.com

ГАЛЕРИЈА: