Американски пејач почина во сон неколку часа по свадбата: Бирам облека во која ќе го погребам, наместо да гледаме фотки од свадбата

Американскиот кантавтор Џејк Флинт почина во сон само неколку часа по неговата венчавка, оставајќи ја својата штотуку венчана сопруга со скршено срце.

37-годишникот од Оклахома почина во саботата вечерта, но причината за смртта се уште не е утврдена. Истиот ден, Џејк правеше свадба и си кажа „ДА“ со својата избраничка Бренда на приватен имот.

Но, само неколку часа подоцна, најсреќниот ден во животот на невестата се претвори во кошмар.

„Наместо да ги гледаме фотографиите од свадбата, треба да ја изберам облеката во која ќе го погребам мојот сопруг. На луѓето не треба да им е судено да чувствуваат толкава болка. Моето срце е празно и сè што ми треба е да ми се врати. Не можам да се справам со ова. Ми треба овде“, напиша Бренда веднаш по трагичниот настан.

Веста ја шокираше и ја растажи целата музичка заедница во Оклахома, а тажната вест ја потврди долгогодишниот менаџер на Флинт, Клиф Дојл.

"Тој не беше само соработник, туку и драг пријател и многу убав човек. Сите го сакаа. Тој беше добар човек и имаше неверојатна смисла за хумор. Можеше да ги насмее сите и да направи да се чувствуваат добредојдени", рече Дојл.

извор:zena.blic