Ана Бекута се огласи по смртта на Мрка: Соопшти дека ќе ја исполни неговата последна желба

Ја исполни желбата на својот сакан!

Пејачката Ана Бекута неодамна остана без долгогодишниот партнер Милутин Мркоњиќ, а сега објави и дека се враќа на работните обрски.

„Најдраги мои, одлучив во Новата година сепак да влеземе заедно. Се гледаме на 31 декември во преубавото Требиње, а на 1 јануари во магичната Бања Лука. Се радувам што ќе се прегрнуваме и грееме со песна. Добро облечете се, немој некој да дојде без долна маица. Ве сака вашата Ана“ - напиша Бекута на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

За потсетување, Мрка, како што пренесуваа српските медиуми, ја заколнал Ана додека бил во болничка постела да продолжи со пеењето и по неговата смрт.

„Мрка сите го знаат како голем шегобиец, тој е толку позитивен човек што секаде внесува само радост и насмевки. Дури и додека поминува низ најтешката животна борба, тој е позитивен и се труди да ѝ олесни на Ана. Многумина се заудија кога таа соопшти дека нема да ги откаже настапите, иако Мрка се бори за живот. Всушност, не е фер што ја оговараат Ана, бидејќи тоа беше желба на Мрка, тој знае дека песната и работата ја одржуваат Ана во живот и затоа бараше од неа да му вети дека нема да се одрече од музиката ниту во најтешките моменти“ - своевремено кажа извор близок на пејачката за медиумите.