Ана беше мис на Југославија во 1982 година, а имаше буквално совршено тело: Денес има 58 години и изгледа неверојатно

Неодамна на изборот за Miss Beauty на Хрватска се појави и Ана Сашо, поранешна мис на Југославија, а оваа дама ја доби и наградата за убавина Timeless. 58-годишната жена блесна во гламурозен долг розов плишан фустан кој ја истакна нејзината совршена фигура!

Заедно со ефектниот тоалет, таа носеше и сандали со високи потпетици, а долгата бујна коса ја завитка во локни. Ана се‘ уште изгледа неверојатно, иако е во шестата деценија од животот.


„Работејќи на себе се ставам во ситуација да сум целосно смирена со себе, носам љубов и светлина, верувајте во себе носете љубов и светлина и тоа е тоа“, вели госпоѓа Сашо за хрватските медиуми.

Да потсетиме, важеше за една од најубавите жени на поранешните ЈУ простори, а ласкавата титула Мис на Југославија ја освои во 1982 година.

Публиката најпрво ја памети Ана од култната реклама во која таа излегува од морето во мокра тесна маичка, истакнувајќи ги бујните гради, а и денес, повеќе од три децении подоцна, овој модел изгледа совршено!

Убавата манекенка од Сплит со задоволство ги споделува своите фотографии со своите следбеници на социјалните мрежи, а на акунтот ја има и онаа фотка на која позира во костим за капење, што јасно покажува колку оваа дама и понатаму е згодна! 

Тоа воопшто не не чуди со оглед на тоа што Ана активно се занимава со вежбање и е посветена на здрав живот.

„Со големо задоволство велам дека после четириесет години конечно станав задоволна со себе. После сите подеми и падови и многу искуства - и позитивни и негативни - еволуирав во секоја смисла. И тоа ме надополнува со духовноста. Сето ова сега ме прави многу среќна“, изјави Сашо пред неколку години за „Глорија“. 

Инаку, оваа дама од Хрватска е позната и по својот бурен и неславен емотивен живот; се омажила двапати, но и двата брака завршиле несреќно. Да потсетиме, таа беше во брак со сплитскиот крал на ноќниот живот Ненад Баре Теклиќ, кој во период од три децении беше сопственик на десет од најдобрите кафулиња и клубови во Далмација. Но, овој брак долгорочно не успеа, а Реклиќ загина во сообраќајна несреќа во 2014 година.

Не успеа ниту бракот на Ана со адвокатот Игор Франчески - овој човек беше познат шармер и постојано кружеа гласини дека бесрамно ја изневерува со млади девојки во очите на цел Сплит. Две години по разводот Франчески бил уапсен бидејќи во неговиот стан се проституирале девојки од организирана група.

Сепак, се чини дека Ана го нашла своето мирно засолниште, бидејќи повеќе од една деценија, како што пишуваат хрватските медиуми, таа е во врска со докторот Хрвоје Томашевиќ.


Фото: Инстаграм/sasso.ana63