Андрија Милошевиќ со поддршка за Новак: Го објави и резултатот од неговиот тест за Ковид-19

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ доби нова поддршка, откако објави дека е позитивен на коронавирус, овојпат од актерот Андрија Милошевиќ.

Актерот, кој беше дел од турнејата „Адриа Тур“ и работеше како судија на ревијалниот меч помеѓу Јелена Јанковиќ и Новак Ѓовиќ, од едната страна, и Олга Даниловиќ и Ненад Зимоњиќ, од другата страна, откри дека бил тестиран за Ковид-19 и дека неговите наоди се негативни.

Андрија испрати и силни зборови за поддршка на Новак:

- Чест ми е што го споделував истиот воздушен простор со тебе. Знаеш дека вистинските луѓе, искрените, најмногу страдаат во време на лаги, затоа јас сум со тебе, брате. Бев тестиран, а резултатот е негативен. Посакувам брзо закрепнување на луѓето кои се заразени - напиша Андрија Милошевиќ.



Фото: Инстаграм

Андрија Милошевиќ: Да даде Господ да имаш па да немаш

Наркоманска навика е прејадувањето: Диетата со која Андрија Милошевиќ ослабна 20 килограми