Андријана од Делчево осум години го живее сонот во Лондон: Овде никогаш нема да ви биде досадно

Сосема случајно животот ја однел Андријана Боинска од Делчево во Англија.

Осум години оваа девојка живее во Лондон, градот кој вели дека бил нејзин сон за место на живеење.

За Женски магазин, Андријана раскажува каков е животот во Англија, дали може лесно да се најде работа, колку е скапо и што е добро во однос на образованието за децата во таа земја.

- Лондон  отсекогаш  бил  град  што  сакав  да го  посетам . Живеам  во Лондон, поточно  Западен  Лондон веќе 8 години. Најпрво почнав со работа  во ресторан  каде работев 1 година  а потоа  почнав  да се занимавам со  фризерство. Паралелно со работата во фризерски салон учев, раскажува Андријана, додавајќи дека Англија е земја која нуди големи можности за работа.


-Работа се наоѓа лесно, без разлика дали сте странец или не, доколку сакате да работите ќе се вработите лесно, истакнува Андријана.

За Англичаните како народ, нашата соговорничка додава дека се културни луѓе.

Англичаните  пред  сѐ,  се културни  и амбициозни луѓе опседнати со социјалната класа. Луѓе  кои  приоритет  им  даваат  на парите  и образованието. Кон  странците  тие  се однесуваат  многу  пријателски и секогаш се љубезни, вели оваа девојка.

Според неа животот во Лондон е еден од најскапите градови за живот, но е и метропола во која никогаш нема да ви биде здодевно.

-Лондон  е  еден од најскапите градови за живеење. Тоа е прекрасен град, метропола во која никогаш нема да  ви  биде  досадно.


Секогаш  кога  имате  слободно  време  можете  да посетите  една од  многубројните  занимливости  што  ги  нуди  еден  ваков  модерен  град, било  шопинг  центри , барови ,културно-историски  дестинации  ...Лондон  е град  кој  исто  така  нуди  добар  ноќен  живот. Лично  мене  најмогу  ми  се  допаѓаат музеите  од  кои  би  го  издвоила „Madame Tissauds“ и секако тука би ги спомнала и светско познатите атракции „London eye“ и „Tower Bridge“.

Лондон за време на пандемијата. За жал како што знаете В.Британија е една од најпогодените земји за време на ковид пандемијата. Никој не очекуваше дека ќе биде толку сериозно. Сѐ се случи толку брзо додека слушавме и читавме за состојбата во Кина за миг почна  да се шири и тука а покасно и во цела Европа.

Животот се смени и тоа многу. Година ипол скоро се е затворено, луѓето кои што можат да работат од дома работат во своите домови, дозволени се прошетки во околината во која живееме и не е дозволено меѓусебно групирање. Ваквиот живот го промени начинот на кој се навикнати луѓето и секако лошо влијае врз развојот на најмалите“, ни раскажа Андријана.


Децата во Англија образованието го стартуваат на 4 или 5 години зависно од тоа кога се родени. Нема дискриминација, а државата е таа која помага во финансирање на истото.

- Задолжително  образование децата  во  Англија  започнуваат  на 4-5 годишна  возраст  во  зависност во  кој месец се родени. Во училиштата  децата  носат  униформи  со  цел  да не се врши  дискриминација  по  основ  на  пол, раса, религија. Што  значи  дека  секое  дете  е еднакво  прифатено  како  во  училиштата  така и во  градинките. Доброто  во  оваа  држава  е што  самата  држава  нуди  помош  во  финансирањњо  во  образованието независно  дали  децата  се мали  или  тинејџери а пред  се  имаат  можност  да бидат  образовани  во  најдобрите  школи.

Познато е дека В.Британија  е Дом на некои  од  светските најистакнати институции за високо образование и е рангирана меѓу првите универзитети во  светот. Институции  како  што  се Универзитетот во  Кембриџ, на Универзитетот  во Оксфорд , Кралскиот  колеџ  во  Лондон. 


И.Ставрова

Фото: Приватна архива