Андријана Петрушовска: Не ми треба партнер, доволна сум си самата на себе

Добивај вести на Viber

Атрактивната пејачка Андријана Петрушовска по своето учество на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што стаса до самото финале е доста ангажирана на настапи низ домашните локали. Андријана на секое појавување во студиото на „Гранд“ во Белград ги изненадуваше жирито и публиката со своите смели и провокативни креации. Откако во финалето го освои деветтото место, за малку не успеа да влезе во суперфиналето, и се одмори од коментарите и впечатоците, згодната пејачка за Женски магазин откри интересни приказни за натпреварувањето, за креациите кои ги облече и за љубовниот живот.

* Дали потајно, во себеси се надеваше дека ќе победиш на „Ѕвездите на Гранд“?

- Целта ми беше да стигнам до финале, напорно работев на тоа и горда сум на себе и на својот ментор што го достигнавме тоа, а за победа не се надевав.

* Кое е твоето мислење за нашиот Александар и за победникот Нермин?

- Александар пред сè ми е близок пријател и моето мислење за него е дека е најдобар rock&roll пејач во изминатите години на Гранд, а Нермин заслужено ја доби титулата на победник, навистина е паметено, културно, скромно и талентирано момче.

* Многу се зборуваше за твојот црвен фустан со шлиц кој е интересна креација, како го одбра?

- Инспирацијата за таа креација беше и самата песна која ја пеев за своето претставување во финалето.

* Како се чувствуваш кога носиш нешто толку провокативно и отворено, дали ти влева поголема самодоверба или сепак чувствѕваш доза на нелагодност?

- Во текот на целото натпреварување се трудев да покажам професионалност како во пеењето така и со физичкиот изглед. Секоја креација која ја носев беше моја замисла и на мојот ментор. Соработував со многу добар тим на професионални дизајнери кои ја реализираа секоја моја замисла. Сè што носев на себе беше прифатливо за сцена и за оваа професија и нормално дека имав самодоверба. Перфекционист сум кога станува збор за физичкиот изглед, а по мој вкус сèбеше изработено перфектно!

* Се грижиш ли за негативните коментари на твоја сметка, ги читаш ли?

- Секој има право на свое мислење, коментари не читам, имам своја цел и напорно работам за да ја остварам. Негативни коментари секогаш имало и ќе има.

* Која е Андријана пред Ѕвездите на Гранд, и која е надвор од нив?

- Андријана во „Ѕвездите на Град“ е борец кој има храброст и смелост да се носи со таа сцена, а приватно сум пак истата храбра девојка која сепак ја има најголемата врлина на карактерот, а тоа е скромноста и горда сум на себе поради тоа.

* Дали си емотивно среќна и исполнета, дали си во врска?

- Среќна сум и благодарна за сè што имам. За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета. Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам.

* Колку е тешко за убава и атрактивна жена како тебе која се занимава со пеење, да задржи вистински партнер покрај себе, ?

- Стандарди за убавина не постојат, сè е до вкус. Свесна сум за својата атрактивност, а ако е вистински партнер нема да треба да се трудам да го задржам, туку тој ќе ме цени, сака и почитува како жена на правилен и здрав начин и секако ми е важно да ја разбира мојата професија.

(М.Џ.)