Анџелина Џоли во „мокар“ фустан: Актерката издоминира во нереално издание во друштво на ќерките Шајло и Захара

Анџелина Џоли плени со изгледот каде и да се појави. Така беше и на премиерата на авантуристичкиот филм „Вечните“ на Марвел во режија на оскаровката режисерка Клои Жао, кој беше прикажан на Филмскиот фестивал во Рим.

Холивудската убавица која во филмот го толкува ликот на моќната Тене ги маѓепса погледите на црвениот тепих во главниот град на Италија во неверојатна сребрена креација направена за неа од италијанскиот бренд за висока мода Versace Atelier.

Поточно, Анџелина Џоли носеше сребрена вечерна тоалета со ефект на влажен сјај што ја нагласи нејзината фигура во форма на песочен часовник. Горниот дел од фустанот без ракави се држеше за нејзиното тело како друга кожа, додека долниот дел лежерно паѓа на нејзините нозе.

Нереалната креација американската актерка и режисерка ја спои со сандали на платформа со вртоглаво висока потпетица, од Версаче. Иако не е лесно да се оди во овие чевли, американската убавица зачекори на црвениот тепих без никакви проблеми.

Друштво на црвениот тепих и правеа и ќерките: 16-годишната Захара, која носеше бел вечерен фустан со сребрени детали и 15-годишната Шајло, која комбинираше мал црн фустан и впечатливи патики. 

Шајло исто така привлече големо внимание во фустан после подолгиот период кога носеше облека за момчиња.

Подолу можете да го погледнете трејлерот за новиот филм на Анџелина Џоли наречен „Вечни“, кој наскоро ќе излезе во кината.


извор:zadovoljna.dnevnik.hr