Ангажирав дадилка и отидов на состанок: Кога се вратив дома затекнав „морничава“ сцена !

На самохраните родители не им е лесно да ги усогласат романтичните излегувања и грижата за децата.

Понекогаш единствената опција, ако сакаат малку време за себе, е да ангажираат дадилка. Иако на многумина не им е пријатно да го направат тоа, сите очекуваат дека кога детето ќе остане со возрасна жена чија работа е да го чува, кога ќе се вратат тие ќе најдат сè како што оставиле.

Една жена покажа дека тоа не е секогаш така.

На профилот на TikTok @thezenmommy, една фрустрирана мајка изјави дека една вечер вработила дадилка, а кога се вратила од вечерно излегување, ја дочекал хаос.

„Кога ќе се вратите дома од состанокот, и ќе видите како новата дадилка вака ја оставила куќата“, напиша таа во насловот на видеото, на кое се гледаат расфрлани кутии со храна од испорака, кори од овошје и празни шишиња со пијалоци во кујната. Иако од краткото видео не е јасно кој направил таков хаос; жената пред излегување или дадилка: објавата брзо беше преплавена со бројни коментари.

@thezenmommy Like, really?!  #lifewithkids #momlife #messykids Immediately No - odafin.t.schultz


- Ако очекувате и чистење, тоа треба да биде вклучено во платата - напишал еден корисник, додавајќи дека не сака ни дадилката да чисти бидејќи тоа значи дека повеќе се грижи за редот во куќата отколку за децата.

- Дадилката не е чистачка! – коментираше друг, но има и такви кои мислеа поинаку. - Со години работам како дадилка и чистењето е вообичаено, особено ако сама направам неред, но и ако се најдам во истиот - напишала една жена, пренесува The Sun.