Антониа те бара, срцево те бара: Пејачката Мартина скршена по загубата на сопругот

Добивај вести на Viber

Мартина Димовска, која пред 10-тина години имаше успешна музичка кариера, во 2015-тата година, млада стапи во брак со бизнисменот Антонио Парапулов.

Таа беше активна на социјалните мрежи и постојано споделуваше среќни мигови со сопругот и малата ќерка Антониа.

Но после 6 години љубов, кон крајот на септемви, Мартина трагично го загуби сопругот. Оттогаш поранешната пејачка се обидува да најде утеха во ќерката, и на социјалните мрежи споделува фотографии од Антонио, со емотивни пораки колку и недистига, но дека ќе продолжи да се бори.