Арнолд Шварценегер стана дедо: Ќерка му Кетрин и нејзиниот сопруг, актерот Крис Прат добија бебе

Веста ја потврди Патрик Шварценегер, брат на Кетрин и син на славниот Арнолд Шварценегер.

Додека згодниот актер Крис Прат веќе има едно дете од бракот со познатата актерка, Ана Фарис, ова е прво дете за ќерката на Шварценегер, Кетрин Шварценегер.

„Сè е одлично“, рече Патрик додека му честитаа дека стана вујко. Тој го покажал со камерата подарокот што го купил, кој бил со розова лента, поради што многумина мислат дека бебто е девојче, иако сè уште не е потврдено.

- Сакам многу деца. Сакам да поминувам повеќе време уживајќи во животот и помалку време во работа - во една прилика истакна Крис Прат, кој, патем, веќе има едно дете - момче Џек (7), кого го доби од бракот со актерката Ана Фарис.

Арнолд со децата и сопругата 

Галерија - Крис Прат и Кетрин пред да станат родители: