Атиџе му се насладува на кафето во новиот дом: Среќата се гледа на нејзиното лице

Медената Атиџе очигледно ужива во новиот дом. 

Со фотографија како седи и пие кафе во удобниот мебел Сузана Турунџиева пред неколку дена на социјалните мрежи, ја покажа среќата на хероината која ја прослави нашата земја минатата година.

Туринџиева и помогна на Атиџе во добивањето на новиот дом, а често пати ја почестува јавноста со нови детали и информации од животот на Атиџе Муратова.

Неодамна, тие две снимија и песна дует.

Во последната објава, Турунџиева упатува благодарност до Дик Фагус Пехчево, кои на Атиџе и изработија прекрасна трпезарија во медова боја, табуретки, фотеља, масичка со огледало и уште неколку додатоци за во новата куќа и ја усреќија Атиџе.



Скромната Атиџе стана позната ширум светот и се прослави со улогата во „Медена земја“ , лик кој ја однесе дури во Холивуд.

Атиџе и Сузана Турунџиева запеаја во дует: Иста судбина делиме, што е наше ќе ни пристигне