Атиџе Муратова исплашена за нејзиниот живот: Има проблем со насилен сосед
Атиџе Муратова е исплашена за нејзиниот живот поради проблеми со насилен сосед
ММС: Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон, рекла хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова за ММС, а инаку со години имала проблем со соседот, кој со семејството се појавува во документарецот.
ММС пренесува дека Атиџе, во телефонски разговор со нив, раскажува дека соседот досега и направил многу штета, го пријавувала и во полиција во Свети Николе, од каде што и рекле „Вие сте Турци, како брат и сестра, ќе се смирите“, на што таа вели дека нема како да им објасни дека и е страв од него, од ден во ден бил се' полош.
Последен инцидент бил деновиве кога тој и го бутнал ѕидот кај што ја чува кравата, за да и' избега. „Па ако избега кравата јас со кои пари после пак ке купам крава“ - вели таа, а кога го прашала зошто го прави тоа тој и се дерел.
Таа за ММС низ солзи раскажала и дека тој и ги украл и пчелите, исто така и неговото куче ја искасало, сега прашува каде да бара помош кога полицијата не ја заштитува.
Целиот текст прочитајте го тука, на Македонски Медиа Сервис (ММС) / Весна Миленковска