Аудиокултура - македонска приказна која инспирира до срж: Звучници кои репродуцираат совршен звук

Истражувајќи македонски успешни приказни наидовме на една поинаква, уникатна, воодушевувачка - приказната за Теохаров аудио.

Станува збор за единствената македонска фирма за производство на High End аудио опрема.

Аудиофилите знаат и со воодушевување зборуваат за Теохаров, но она што нас пријатно не изненади е фактот дека за Теохаров знае и пошироката македонска јавност. Се што слушнавме за нив беа прекрасни коментари проткаени со многу емоции. Со задоволство отидовме да ги посетиме и да ја слушнеме приказната од прва рака.

Топло довредојде ни посака Михаил Теохаров - финансов и маркетинг директор во фирмата, брат на основачот и дизајнер на звучниците и засилувачите.

Прекрасниот амбиент во кој не пречекаа е само надоврзување на очигледна семејна хармонија и љубовта кон работата кои никако не ја исклучуваат професионалноста. 

После прашањето каде е почетокот и од каде се желбата и инспирацијата за ваков занает, се препуштивме на уживање во приказната, која може да ја прочитате на Фактор.мк