Бајага со заштитна опрема пред концертот во Скопје: Ова е маскенбал

Добивај вести на Viber

На 60 годишна возраст, Момчило Бајагиќ- Бајага го има задржано младешкиот дух и ентузијазмот пред секоја рокенрол свирка. Една таква, најави на денешниот прес во Скопје, пред славеничкиот концерт со "Инструктори" на 13 септември, на стадионот на АРМ во Скопје. 

Бајага, на настанот кој го организира "Авалон" продукција ќе слави 35 години кариера. "Ова е маскенбал. Добредојдовте на маскенбал", рече Бајага кој на прес конференцијата дојде со заштитна маска. "Мило ми е што во Скопје ќе славам 35 одини кариера. За овие славенички концерти преработивме 22 песни во аранжмани за гудачи и за хор. Во Скопје ќе настапуваме со македонски музичари", рече Бајага. Во духот на "новото нормално" кое го живееме со вирусот Ковид-19,Бајага го најави својот нов албум кој ќе се вика "Промени". 

Што се однесува до протоколите за заштита, на капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат пуштени само 4.000 билети. Бајага и "Инструктори" ќе ги придружуваат хор и оркестар, а ќе диригира познатиот диригент Војкан Борисављевиќ.

Влезниците се во продажба по цени од 700 и 1000 денари, онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket Store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија. Носењето на заштитни маски ќе биде задолжително за сите.

(М.Џ.)

 Фото: В.Тануровски