Бакнежи и прегратки кои се реткост во јавноста: Војвотката Кејт и принцот Вилијам си разменуваа нежности на поло натпревар (ФОТО)

фото:PROFIMEDIA/instagram

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ, вчера присуствуваа на Кралскиот добротворен поло куп во Егам - тој како учесник, таа како навивачка! Натпреварот се одржа со цел да се соберат средства за неколку хуманитарни организации чии покровители се тие.

За прв пат парот на јавен настан го донесе своето куче Орла, кое го добија од братот на Кејти, Џејмс, откако нивното милениче Лупо почина пред две години.

Вилијам наскоро откако пристигнаа ги замени своите бели панталони и светло сина кошула со спортски дрес, додека војвотката беше во елегантен бел фустан

Кејт Мидлтон за оваа пригода избра фустан во А крој на брендот „Emilia Wickstead“, а се работи за бел модел без ракави чија цена е околу 440 евра и кој е украсен со црни пруги. 

Кејт го комплетираше ова шик парче со интересни чевли, а прв пат носеше ваков модел. Овој пат се одлучи за чевли со ниска и квадратна целосна потпетица од модната куќа „Камила Елфик“. Станува збор за модел кој на прв поглед потсетува на рамните чевли на брендот „Шанел“, кои маќеата на Вилијам Камила Паркер ги носи со децении, а за кои Кејт потрошила околу 285 евра.

Особено внимание привлекоа со принцот разменувајќи нежности, нешто што ретко го гледаме од нив во јавноста.

Тој ја прегрнуваше и ѝ делеше бакнежи во образот, а Кејт не ја симнуваше насмевката од лице.

View this post on Instagram

A post shared by Francisco Campelo (@colunadocampellooficial)


извор:GLOSSY

Додека таа го следеше триумфот на Ѓоковиќ, сите други гледаа во неа: Кејт Мидлтон на Вимблдон во фустан кој е олицетворение на женственоста (ФОТО)