Моден фокус // Трендови
Balenciaga прогласен за најжежок бренд во модата
Шпанската модна марка Balenciaga беше прогласена за најжежок бренд во модата, се искачи за две места претекнувајќи го досегашниот лидер Gucci.
Анализа на над 4,5 милиони податоци - вклучувајќи за продажба, пребарување и кориснички проценки подредуваат 5 милиони производи и 12 000 брендови од модните сајтови Business of Fashion и Lyst, пишува „Индипендент“.
Gucci паѓа од лидерското место и останува на втората позиција, но сепак изгледите пред модната марка се одлични, нагласуваат од сајтовите.
Неодамна компанијата лансираше линија на мебел за дом со Dapper Dan.
Еве кои брендови се најдоа во Топ 10
1.Balenciaga
2. Gucci
3. Off-White
4. Vetements
5. Givenchy
6. Valentino
7. Saint Laurent
8. Stone Island
9. Moncler
10. Raf Simmons