Бане Мојичевиќ има нова девојка: Две години по разводот од сопругата со која има две деца, повторно е заљубен

Пејачот Бане Мојичевиќ пред две години официјално се разведе од сопругата Милица со која ги има синот Радош и ќерката Маша.


После тоа избегнуваше да зборува за брачните проблеми и љубовните врски, па речиси никој не знаеше за нивниот развод, а сега во едно интервју призна дека повторно е среќен во љубовта.

- Заљубен сум. Љубовта ми е возвратена, имам девојка. Таа нема никаква врска со јавноста. Направив баланс помеѓу јавниот живот и приватниот. Јас некако избирам мирни, нормални и повлечени девојки. Заедно сме неколку месеци. После 3 години по разводот, сум подготвен за нови работи. Научив да не планирам ништо, не сакам да планирам за заеднички живот. Она што ми е важно е дека сум исполнет, не размислувам за тоа. Нека оди спонтано. Не би згазнал повторно на „лудиот камен“, но ако тоа е преголема желба на мојата сакана, ќе се согласам. Се запознавме преку социјалните мрежи - изјави пејачот кој победи во првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“и предизвика големо внимание и побуди неверојатен интерес кај публиката затоа што во Србија се појави нешто ново и невидено на нашите простори.

View this post on Instagram

A post shared by Branislav Bane Mojićević (@mojicevic.bane)


извор:srbijadanas

(ВИДЕО) „Ѕвездите на Гранд“ на својата прва аудиција: Како изгледаа Тања Савиќ, Бане Мојичевиќ, Славица Ќуктераш...