Бебе стигна на свет со спирала во рака: Неверојатна приказна

Денес, постојат многу методи на контрацепција, но тие не се секогаш ефикасни. Ова може да го потврди мајка од Виетнам која роди бебе и покрај тоа што имаше контрацептивна спирала, а нејзиното дете пристигна токму со неа во раце на свет, пренесува unilad.co.uk.

Пред две години, оваа 34-годишна мајка после две родени деца, си намести спирала, како метод на контрацепција, но, по некое време, сфати дека е бремена.

Таа го роди нејзиното трето дете во меѓународната болница „Хаи Фонг“ во Виетнам. Бебето се роди здраво, а ја „зеде“ спиралата на мајка си со себе кога се роди. На фотографиите се гледа како малото ја држи спиралата цврсто во рака, како да е сувенир од своето време поминато во матката на неговата мајка.

Докторот Тран Виет Фуонг изјави дека бебето се родило држејќи спирала во раката, а целата работа му се чинела многу интересна, па решил да го фотографира овој необичен настан. Фотографиите беа споделени на социјалните медиуми на болницата и брзо привлекоа големо внимание.

Фуонг објаснува како спиралата многу веројатно се движела од првобитната положба до матката и со тоа станала неефикасна и така мајката забременила. Кога е инсталирана правилно, спиралата е 99% исправна и може да трае од 5 до 10 години.