,

Берово викендов домаќин на „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА-СПОРТ АВАНТУРА 2018“

Добивај вести на Viber

За прв пат оваа година Спортско Планински Клуб Малешевска Корија со голема чест и задоволство ви го претставува првиот Outdoor Festival – „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТ АВАНТУРА 2018“ што ќе се одржи во Берово и неговта околина на 2 и 3 јуни 2018г.

Настанот е наменет за сите љубители на природата, спортисти, рекреативци, фамилијарни посетители др.,  како и за оние љубопитни кои сакаат подобро да го запознаат градчето Берово.


Настанот МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТ АВАНТУРА 2018 во својата агенда како на учесниците така и на посетителите  ќе им понуди две планинско-велосипедски патеки, планинарска тура, организирана прошетка низ  културно-историските знаменитости на гратчето Берово со водич, забавен дел со рок бенд, но и исто така можности за игра и за најмалите посетители.

Камп – просторот за шатори со тревнати површини и сенки од високи дрвја се наоѓа во дворот на „старата гимназија“, на самиот влез на градот (а по сопствена желба и организација можете да се сместите и во куќите за приватно сместување или градските хотели). Во кругот на објектот на  располагање ни се и игралиштата за фудбал и кошарка, забавен парк за деца, простор со два логорски огна за само-подготовка на скара, две надворешни чешми, внатрешни чешми и тоалети и внатрешни просотрии за подршка за одлагање на велоспиедите и преноќување со сопствена вреќа во случај на дожд. Исто така до игралиштата ќе биде сместена и бината за музичкиот дел.

   

 

         

АГЕНДА

Сабота 2ри јуни :

10:00-18:00  часот 

⦁Пристигнување на учесниците, информативен пулт, поставување на кампот и подигнување на стартните пакети

купување на картата, добивање на пакетот за учество 

⦁ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТАВАЊЕ НА АЛКА НА РАЧЕН ЗГЛОБ, ПРЕД ШТО СЕ ПОПОЛНУВА ИЗЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА СВОЈА ОДГОВОРНОСТ, СПОРЕД СОПСТВЕНА ВОЉА И МОЖНОСТИ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПОСТАВЕНАТА ОРГАНИЗАЦИОНА РАМКА НА ОРГАНИЗАТОРОТ

12:00-15:30 часот

⦁организирана прошетка со водич низ Берово, со посета на локалните 

 знаменитости, музејот на град Берово, кустосот на музејот ќе ја раскаже приказната за настанокот на гратчето и неговиот развој низ вековите, манастирот Св. Архангел Михаил, каде од страна на игуменијата ќе биде раскажана легендата за настанокот на манастирот и неговата црква, како и за значењето на манастирот за македонската култура и историско -револуционерно минато, посета на работилницата за високо квалитетни мозаици, со можност за купувања;

- манастирот Св.Богородица, каде игуменот ќе ја презентира тамошната градба, нештата по кои таа е карактеристична, како и работилниицата за изработка на природна козметика, алва и миризлив темјан, кој пак е едиснтвена ваква изработка во Македонија;

13:00 часот 

фудбал и/или кошарка натпревар (доколку има заинтересирани)

16:00 – 20:00 часот 

Грилување (на место кое е предвидено за палење оган) 

19:00-21:30 часот 

Музичка програма 

21:30-23:45 часот

рок концерт, рок група 

23:59 часот             

 ЗАВРШУВАЊЕ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ

НЕДЕЛА 03 јуни 

08:00–09:00 часот

  за оние кои ќе пристигнат ова утро, пријава за учество.

Пристигнување на учесниците, информативен пулт

⦁Купување на карта, добивање на пакетот за учество 

⦁ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТАВАЊЕ НА АЛКА НА ЗГЛОБ ОД РАКА, ПРЕД ШТО СЕ ПОПОЛНУВА ИЗЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА СВОЈА ОДГОВОРНОСТ, СПОРЕД СОПСТВЕНА ВОЉА И МОЖНОСТИ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПОСТАВЕНАТА ОРГАНИЗАЦИОНА РАМКА НА ОРГАНИЗАТОРОТ (на лицата без алка, нема да им биде дозволено учество на настанот, особено на рекреативнте тури),

09:30 часот

- Старт на големата тура (со водичи и редари)

- Старт на помалата тура (со водичи и редари)

10:00 часот

-Старт на планинарската тура (со водичи)

16:00-18:00 

-Крај на турите, пристигнување на учесниците. 

⦁Секој учесник со алка, ќе  добие топол оброк (гравче) во базниот камп.

19:00 КРАЈ НА НАСТАНОТ

Опис на велосипедските патеки:

Првата МТБ тура, е  во должина  од околу 55 км и совладување на висинска разлика од  1429 м, така што оваа тура спаѓа во категорија „тешка тура“ која што е препорачлива за вистински спремните велосипедисти, а втората е со должина околу 45 км и совладување од 1077м висинска разлика и оваа тура спаѓа во „средно тешки“ патеки. Нивните старт и цел  се  во градот Берово. 

Стартот на двете патеки е на 800мнв односно се тргнува од базниот камп, каде сигурноста и безбедноста на учесниците ќе биде обезбедена од ангажирани полициски екипи и возила и преку плоштадот на Берово, движејќи се по улицата Маршал Тито поминуваме покрај Хотел Манастир, од каде што почнува „офф-роуд“ патеката. Преминуваме преку реката Брегалница и возиме 1.7 км во спротивен правец од нејзиното течение покрај нејзиниот брег каде излегуваме на асвалтниот пат кој води спрема езерото и по 500 метри возење по него, свртуваме лево и повторно сме на земјен пат. Се упатуваме/качуваме спрема викенд населбата Абланица, качуваме околу 250 метри во должина од 6.5км и излегуваме на асвалтниот пат Пехчево-Равна Река токму пред дрвената инфо табла. Тука ќе бидеме пречекани од собраќајната полиција задолжена за регулирање на сообраќајниот тек за време на траење на настанот. По 3км возење по асвалтниот пат во правец кон Равна Река од левата страна на коловозот се наоѓа еден од најубавите Пехчевски водопади, кој можете да го посетите со 30 минутно пешачење, а каде што службено полициско лице ќе биде задолжено за безбедност и чување на велосипедите и споделување на информации. Водопадот можете да го посетите по сопствен избор, но имајте во предвид дека посетата одзима скоро еден час. Следните 6.5 км се асвалтни, водат до викенд населбата Равна Река каде се наоѓа првиот „Чек Поинт“ и пункт за освежување и тука е предвидена 10 минутна пауза и собир на гурпата. По паузата тргнуваме длабоко во шумата каде повторно почнува „офф-роуд“ патека на која остануваме се до последните 2км до целта.  Сладат 2,5 км на кој се совладува висинска разлика од околу 170 метри и за кратко  се стига до раскрсницата каде ќе биде присутен првиот безбедносен џип на пограничната полиција, овде се делиме за „Големата тура“ (лево)  и „Малата тура“ (десно) 

-„Големата тура“  продолжува во правец спрема караулата Ченгино Кале (2.5 км 250м елевација) каде се наоѓа вториот „Чек Поинт“ - пункт за освежување, тука е предвидена 10 минутна пауза, по што следи движење спрема врвот Ченгино Кале ( 5км 270м елевација) кој се наоѓа на 1760м надморска висина и каде е присутен вториот безбедносен џип на пограничната полиција.

По паузата патот не води кон месноста „Бачило“ односно третиот „Чек Поинт“ - пункт за освежување од каде следи спуст од 6 км каде што се спојуваме со МАЛАТА ТУРА.

-„Малата тура“ продолжува надесно од раскрсницата каде се дели патот за голема/мала тура и позиционираниот прв безбедносен  џип на пограничната полиција, возејќи 3.7 км и качувајќи 175 метри, се стига до местото „Бачило“ односно вториот „Чек Поинт“ (а трет Чек Поинт за „Големататура“) – пункт за освежување.. 

Повторно соединета патеката за двете тури продолжува према местото викано „Бреза“ и притоа возејќи 5км и совладувајќи блага угорнина од 160 метри стигаме до ливадата каде што доколку имаме среќа ќе наидеме на стадо диви коњи.


По „Бреза“ следува активирање на адреналинот, моментот што повеќе спремните велосипедисти го чекаат....СПУСТОТ од 7км, наместа и до -27% делевација. На средишниот дел од „Спустот“ ќе биде позиционирано теренско амбулантно возило. 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Патот наместа има длабоки канали каде е потребно сите да ја прилагодите брзината за да не дојде до несакани повреди. Исто така на најкритичните точки ќе има и лица од стручните екипи за подршка кои ќе обрнуваат внимание на опасните места. 

Завршницата на турата е во камп зоната каде учесниците ќе бидар послужени со  топол организиран оброк-ручек.

Информација за „Планинарската тура“ со водич. Таа е во должина од 14км и совладување висинска разлика од 200м, односно нејзиниот старт е од бзаниот камп кој се наоѓа на 800мнв, па се до Беровското Езеро, кое се наоѓа на 1000 мнв и повторно враќање по планинарски патеки во камп местото во Берово. Искачувањето во насока кон езерото ќе биде по сртот на планината со широки отворени видици се до Пирин Планина, по кое планинарите ќе одморат на самиот езерски брег. По одморот и релаксирањето во прекрасната глетка на планинското езеро, потонато во беспрекорен мир, опкружено од борова шума, следи планинарењето назад кон градчето, но сосема од другата страна на планината, по убаво бележана патека низ густа висока, борова, дабова и букова шума.