Беше една од најбараните актерки, а потоа сите престанаа да ја ангажираат поради ботоксот: Еве како изгледа денес слатката русокоса на Холивуд

Познатиот amfAR Gala настан во Лос Анџелес ги собра сите познати личности, а меѓу нив беше некогаш најслатката русокоса во Холивуд, која во меѓувреме стана зависна од естетски интервенции.

Мег Рајан во текот на целата кариера ја носеше титулата слатка русокоса на Холивуд, но годините зависност од естетските операции целосно и го променија ликот. Потрагата по вечната младост ја водеше од една во друга операција, а резултатите не се многу за пофалба.

Веќе по познатиот филм „Кејт и Леополд“, кој беше снимен во 2001 година, Мег почна да се соочува со недостиг од понуди, токму поради нејзиното изобличено лице.


„Таа направи премногу. Тоа беше шок за луѓето и таа повеќе не личи на Мег Рајан во која се заљубивме", изјави Џејмс Манголд, режисер на „Кејт и Леополд". Мег, како и повеќето, започна со филери за усни, но не застана тука.

„Не се само усните. Носот е различен, јаболчниците, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластична хирургија. Таа не е единствениот пример. Тоа е обично обид да се реши некој вид на лично незадоволство“, објасни пластичниот хирург Марк Роберт за „Дејли мејл“ пред неколку години коментирајќи го случајот со познатата актерка. 

Мег се разведе од актерот Денис Квејд во 2001 година, со кој беше во брак од 1991 година и со кого го има 29-годишниот син Џек. Една година подоцна, кога нејзиниот развод заврши, таа ја потврди врската со колегата Расел Кроу, со кого се запозна додека беше во брак. Во јавноста дури се шпекулираше дека таа го изневерувала сопругот со актерот, но Мег тоа го демантираше, посочувајќи дека Квејд е тој што изневерувал. 

Расел и Рајан се разделија по само 8 месеци врска, а неколку години подоцна таа стапи во врска со музичарот Џон Меленкамп, кој за неа ја остави сопругата Елејн Ирвин по 19 години брак. Двојката ја објави свршувачката во 2017 година, а се шпекулираше дека се венчале во тајност, иако никогаш немаше официјална потврда за тоа. Сепак, парот се раздели по осум години врска, а оттогаш ништо не се знае за нејзиниот љубовен живот. 


Фото: Профимедиа/Youtube/Screenshoot

Некогаш се водушевуваа на нејзината убавина, сега е непрепознатлива: Познатата актерка поради операцијата сега не личи на себе!