Беше обвинета за насилство над сопругот, го спаси синот пред да умре: Наја Ривера почина на само 33 години

Ѕездата на серијата „Glee“ и талентираната пејачка и актерка Наја Ривера исчезна пред неколку дена додека беше на одмор на езерото Пира со својот син. Сега тамошната полиција соопшти дека посмртните останки пронајдени во езерото ѝ припаѓаат на 33-годишната актерка.

Момчето беше пронајдено само во чамецот и им кажа на спасувачите дека неговата мајка отишла на пливање и не се вратила, поради што надлежните веруваа дека Ривера се удавила, а сега е пронајдено и нејзиното тело.

Шериф Бил Ајуб изјави дека нема индикации дека нејзината смрт е насилна или дека си го одзела животот и додаде дека „Најва најверојатно сторила сé за да го спаси детето и да го стави во чамецот, но немала сила сама да излезе од водата.“ 

Наја беше најпозната по улогата во серијалот „Glee“, а играше и во „Чувари на плажата“ и „Принцот од Бел Ер“.

Американската актерка која се појави и во спотот на хрватскиот музички бенд „Ту челос“, пред неколку години беше обвинета за насилство врз нејзиниот сопруг (сега поранешен), Рајан Дорси. При семејна прошетка двојката имала жестока кавга, по која Наја го удрила Рајан по главата и му ја раскварила устата. Тој ја пријавил во полиција, а на суд по апсењето Наја ја призна вината, но беше ослободена по платената кауција.

Во последните денови од животот уживаше со синчето, а нејзината последна објава на Инстаграм сведочи за тоа.

- Само ние двајца- стои во описот.

View this post on Instagram

A post shared by Naya Rivera (@nayarivera) on