Беше прва дама на Аргентина, па исчезна: Каде е денес жената која ја споредуваа со Џеки Кенеди?

Уште во текот на кампањата на првиот човек на Аргентина, Маурицио Макри, неговата поубава половина, шармантната и паметна Џулијана го привлече вниманието на светската јавнсота, следејќи го својот сопруг на сите официјални, државни посети.

47-годишната убавица има либански и сиријски корени, а студиите ги завршила на Оксфорд. Нејзиниот татко е имигрант од Либан, од малото место Балбек, кое се наоѓа северно од Бејрут, додека мајка ѝ е од Сирија, која исто така имигрирала во Аргентина.

Нејзините родители имаат многу муслиманско наследство, но поради немирите во сопствените, матични земји морале да емигрираат во Латинска Америка.

Џулијана пред да се омажи за Маурицио, на која ова ѝ е трет брак, долги години работела во семејната фирма за текстил. Од претходниот брак и тоа со белгискиот гроф, ја има ќерката Валентина, додека од актуелниот брак со Макри ја има ќерката Антониа. Иако има муслиманско потекло, Џулијана која има дури пет браќа и сестри, уште во детството преминала во католичката вера, запишувајќи се на двојазично училиште и подоцна на студии по англиски јазик на Оксфорд.

фото: Profimedia

И пред бракот со Маурицио, Џулијана била редовен „гостин“ во таблоидите и магазините, но од моментот кога станала прва дама на Аргентина нејзиното движење, фотографите го следеле од час во час.

фото: Profimedia

Дека е прилично свесна, кога е модата во прашање докажува и нејзиниот стил, кој го привлече вниманието на сите модни магазини и портали. Убавата Џулијана стилот и интересот за модната индустрија го наследила од мајка ѝ Елса Бејкер, која е на чело на модната компанија „Авада“ во која еден од сопствениците и дизајнерите е Џулијана, која била на неколку студиски патувања во Европа за подобро да ја разбере модата и нејзината историја.

Голем број магазини и уредници се сложуваат дека Џулијана Авада била една од најдоброоблечените дами во светот. Во пофалбите најголема предност има „Вог“, кој беше воодушевен од стилскиот избор на Авада за време на претседателската дебата. Тогаш Џулијана носеше бел, свиленкаст костим, потоа кога на инаугурацијата се прошета во преубав фустан во боја на слонова коска и скини фармерки во кои се појави на средбата со луѓето кои го поддржуваа нејзиниот сопруг.

фото: Profimedia

„Independent“ отиде толку далеку што Авада ја спореди со Џеки Кенеди.

По завршување на службените должности, Џулијана Авада ужива со својот сопруг и деца во Аргентина, времето го поминуваат во семејната куќа далеку од градската бучава, се занимава со својата градина и овоштарник, подготвува здрави вкусни јадења на своето семејство, патува низ светот.





фото: Profimedia