Беше првата мис на фотогеничност, а потоа се посвети на приватниот бизнис: Како трагично го загуби животот српската убавица

Мирјана Стојановиќ, мис на фотогеничност и финалистка на изборот за Мис на Србија во 2007 година, трагично го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа што се случи вчера утрото, на 20 мај, на патот Прхово - Шимановци.

Имено, Мирјана беше финалистка на првиот официјален избор за Мис на Србија, уште во 2007 година, кога имаше само 19 години.

Таа пленеше со својата харизма, која подоцна ја потврди со титулата Мис на фотогеничност која ја освои.

Во последните години таа се повлече од јавниот живот и целосно се посвети на приватниот бизнис, односно на салонот за убавина кој го поседуваше.

Детално читајте на Фактор тука.